ECDL Форум ECDL Светски форум Букурешт

RTS Srbija ECDL Evropski standrad RTS Srbija ECDL Evropski standrad

ПЕРЦЕПЦИЈА И РЕАЛНОСТ: Мерење на јазот на дигитални вештини во Европа, Индија и Сингапур

Како го мерите нивото на дигитални вештини? Како ќе дознаете дали кандидатот за работа ги има потребните вештините и компетенции што тој треба да ги направи за работното место? Овозможување на луѓето сами да ги проценат своите вештини може да изгледа како едноставно решение, но тоа носи голем ризик дека ќе бидат погрешно оценети нивните вештини.

Во новото издание на "Перцепција и реалност" ECDL Фондацијата ги презентира резултатите од истражувањето на самооценување на дигиталните вештини и вистинското ниво на вештина утврдени со практични тестови. Во новиот  извештајот се вклучени резултатите од истражувањето во Сингапур и Индија, кои ги потврдуваат резултатите кои се потврдуваат и во 5 европски земји (Австрија, Финска, Данска, Германија и Швајцарија).

Перцепција и реалност

Дигитални вештини

Националните оператори на ECDL во Австрија, Данска, Финска, Германија и Швајцарија, како и ICDL Азија во Сингапур и Индија, направија истражување за нивото на дигитална писменост во нивните земји.

Од истражувачите беше побарано да ги оценат своите вештини, по што тие изведоа практичен тест со цел да се утврди вистинското ниво на нивното знаење. Заеднички за сите истражувања е дека учесниците ги преценеле своите вештини. Врз основа на добиените резултати на операторот во Австрија ОЦГ 94% од учесниците ги оцениле своите вештини како "просечни" или "многу добри", но само 39% од нив го добија истиот резултат на тестот. Во Сингапур, 88,50% од испитаниците ги оцениле своите вештини како "добри" или "одлични", додека резултатите од тестовите покажуваат дека само 55% од испитаниците поседуваат дигитални вештини во согласност со нивната проценка.

Значи, како точно да се измерат дигиталните вештини? Еден од интересните податоци е тоа што истражувањата во Швајцарија покажаа дека учесниците кои поседуваат сертификат за нивно познавање на компјутерски вештини (ECDL) постигнуваат значително подобри резултати од просекот. Јасно е дека структурираната обука која води кон стекнување на признати сертификати е клучен начин за надминување на јазот во дигиталните вештини.

Потребни се напори на сите политички нивоа, од новата стратегија за вештини на ЕУ, која наскоро се очекува, до национални и локални планови за едукација и обука. Неквалификувана работна  сила води до фактот дека остатокот од светот брзо ќе не престигне. Дали вреди да се ризикува?

Швајцарија и Сингапур ИКТ
Претседателот на Европската Комисија истакна ECDL
José Manuel Barroso José Manuel Barroso со јубилеен ECDL индекс
Neelie Kroes - Потпретседателот на Европската комисија препорачува
Neelie Kroes ECDL за Дигитална Агенда на Европа Neelie Kroes ECDL за Европска Голема Коалиција за Дигитални Работи
ЕЦДЛ за Карпош
Стевчо ЈакимовскиСтевче Јакимовски градоначалник на Општина Карпош
Аплицирајте за ECDL европските фондови