ECDL Форум ECDL Светски форум Букурешт
RTS Srbija ECDL Evropski standrad RTS Srbija ECDL Evropski standrad

Како до сертификат?

Стекнување на ECDL сертификат можно е исклучиво во овластени ECDL тест центри. Испитниот материјал, креиран од страна на ECDL Фондацијата во соработка со голем број на стручни лица од целиот свет, е идентичен во сите земји.

При регистрирање во овластен ECDL Тест центар, кандидатот го купува соодветниот ECDL индекс. Цените на индексот се стандардизирани:

Цена за ECDL индекс 30 евра.
Цена за полагање на ECDL Base/Standard испитот во Македонија изнесува 10 евра за модул.
Цена за полагање на ECDL Аdvandced испитот во Македонија изнесува 40 евра за модул.

Кандидатот  НЕ Е задолжен да ги положи сите модули во центарот во кој го купил ECDL индексот. Испитите може да ги полага во било кој овластен ECDL Тест центар во светот.

Постојат два начина на тестирање:

  1. Мануелно – пред почетокот на испитот, овластениот испитувач бира, по случае избор, тест од добиенат абаза на тестови. Тестовите се полагаат на компјутер, во рамки на постоечките фајлови се вршат бараните модификации. Резултатите од остварените резултати се доставуваат во рок од 4 дена.
  2. Автоматско (ATS) – се користи наменски софтвер за проверување на знаењето. После авторизација од овластениот ECDL испитувач, кандидатот добива случајно одбран ест за избраниот модул. Софтверот автоматски ги регистрира одговорите и ги собира освоените поени, така што веднаш по завршување на испитот, кандидатот довива известување за остварените резултати.

Термините за полагање на изпитот се договараат со овластените ECDL координатори или испитували, во одбраниот ECDL тест центар. Кандидатот има можност да одбере редослед и динамика со која ќе ги полага испитите. Секој тест трае 45 минути.

На кандидатите може да им се одобри полагање на сите испити во еден ден. Во зависност од постоечкото ниво на знаење, кандидатите можат:

Центрите кои организираат обука мораат да ги усогласат припремните часови, со актуелниот ECDL наставен план и програма.

Доколку овластените ECDL испитувачи се истовремено и предавачи, Тест центарот е задолжен да обезбеди, тестирањето да не го врши предавачот кој ги обучувал кандидатите.

После секој успешно положен испит, овластениот ECDL испитувач ги внесува податоците во индексот. Кога кандидатот ги положи одбраните модули, овластениот ECDL тест центар ги доставува индексите до Национална ECDL канцеларија, како би се издал соодветниот сертификат.

Кандидатот го подига сертификатот во центарот каде што го извршил полагањето ECDL испитот.

Претседателот на Европската Комисија истакна ECDL
José Manuel Barroso José Manuel Barroso со јубилеен ECDL индекс
Neelie Kroes - Потпретседателот на Европската комисија препорачува
Neelie Kroes ECDL за Дигитална Агенда на Европа Neelie Kroes ECDL за Европска Голема Коалиција за Дигитални Работи
ЕЦДЛ за Карпош
Стевчо ЈакимовскиСтевче Јакимовски градоначалник на Општина Карпош
Аплицирајте за ECDL европските фондови