Scroll Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) е првиот државен факултет во Македонија кој својата програма по информатика ќе ја прилагоди по силабусите на ЕЦДЛ.
Студентите освен својата диплома од студирање ќе добијат и меѓународно признат сертификат за познавање на компјутери и компјутерски програми.Г-ѓа Цветанка Корет директор на ЕЦДЛ Македонија заедно со деканот на факултетот Г-дин Димитар Ташковски на 09.06.2020 го потпишаа договорот за понатамошна соработка.