ECDL Форум ECDL Светски форум Букурешт

RTS Srbija ECDL Evropski standrad
RTS Srbija ECDL Evropski standrad

ФЕИТ е првиот државен факултет кој станал ЕЦДЛ тест центар во Македонија.

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) е првиот државен факултет во Македонија кој својата програма по информатика ќе ја прилагоди по силабусите на ЕЦДЛ.

  Прочитај повеќе...

Одбележување на Светскиот Ден на белиот стап
Доделување на ECDL сертификати

Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид - Црвен крст на град Скопје, на 16 Октомври 2018 година се одбелeжа Светскиот Ден на белиот стап со свечено доделување на меѓународно признаени ЕЦДЛ сертификати на 22 лица со оштетен вид – корисници на Центарот, кои успешно го завршија првиот ЕЦДЛ сертифициран курс по компјутери адаптиран за нивните потреби.  Прочитај повеќе...



Тргнува ECDL КАРАВАН 2018 во Македонија

Сите заинтересирани институции за организирање на ECDL  настаните во нивните места ќе добијат поддршка од ECDL Македонија со доделување на бесплатна обука и тестирања преку онлајн системот.

Одржан 12-ти Регионален ECDL Форум во Косово

На 18–ти Октомври 2018 година во Приштина, Косово се одржа 12-тиот Регионален ECDL Форум. На форумот присуствуваа претседателот на ECDL Фондацијата, региналниот ECDL менаџер, директорката на ECDL Македонија, прествници на ECDL од Словенија, Хрватска, Италија, преставници од Министерството за образование на Косово, преставници од Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија и останати гости и преставници на компании од Косово. Прочитај повеќе...


ECDL Profile, сертификат за европска компетенција

Почнувајќи од 1 октомври 2018 година, ECDL Македонија им се придружува на другите европски земји и во согласност со назначениот DIGCOMP - Европската рамка за дигитални компетенции за граѓаните воведува уникатен изглед на ECDL Profile сертификатот.

Со ова се овозможува полагање на  ECDL испите, еден или повеќе, според бизнис и сопствените потреби, со можност за постојано надградување на нови модули. За оние кои не сакаат да полагаат повеќе од ECDL Start или ECDL Core сертификатот, овозможивме купување на ECDL Profile индекс по намалени цени во согласност со досегашните практики и цени.

ECDL и DIGCOMP (Европска рамка за дигитални компетенции за граѓаните)

Живееме во дигитален свет каде што луѓето работат, се дружат и користат приватни и јавни услуги на интернет. Недостатокот на дигитални вештини ќе има негативно влијание врз вработливоста на луѓето и квалитетот на животот. Податоците од ЕУ покажуваат дека 169 милиони Европејци и 86 милиони работоспособни луѓе во ЕУ немаат доволно дигитални вештини. Прочитај повеќе...

Европска рамка за електронска компетентност (e-CF)

Европската рамка за електронска компетентност (e-CF) дава референца за 40 компетенции кои се применуваат на работното место во информатичките и комуникациските технологии (ИКТ). Опишува компетенции, вештини и знаење на ИКТ експерти на пет нивоа на знаење.
Прочитај повеќе...

За ECDL Сертифициран програм

ECDL Старт е основен Европски стандард за работа на компјутери кој опфаќа пакет од: општи познавања за работа со датотека, обработка на текст, табеларни калкулации и користење на интернет.

ECDL - Компјутерски вештини за цел живот

Во склад со потребата вработените во Европската Унија имаат единствено и препознатливо информатичко образование, 1997 год е основан ECDL - Фондација на иницијатива на CEPIS - Council of Europian Professional Informatics Societies. ECDL - Европска Компјутерска Возачка Дозвола во 2003 год добива значајна подршка од Европската Комисија и постанува службен стандард во државните органи на Унијата и сите нејзини членки.

ECDL за кратко време е прифатен и надвор од ЕУ, така да денес се користи во 148 земји и на 36 светски јазици. Повеќе од 15 милиони луѓе моментално полагаат ECDL испит, а нашата земја, напоредно со настојувањата за да се приклучи на ЕУ го дефинира ECDL како своја ’’ Стратегија за развој на информатичкото општество ’’.

Со преку 15 милиона до сега лиценцирани, ECDL - Европска компјутерска возачка дозвола е нај распространет светски сертификат за користење на персонални компјутери. ECDL е неутрален во однос на оперативните системи и вендори а меѓународно познат како глобална појдовна точка во оваа област.

Што е ECDL?

ECDL (European Computer Driving Licence) е вендорски и независен стандард со кој на ниво на ЕУ и целиот свет се дефинира единствена рамка на основни информатички знања и вештини за крајните корисници на компјутерите. ECDL сертификатот потврдува дека сопственикот на сертификатот во потполност е компетентен за користење на персонални компјутери и основни програмски апликации во секојдневнате задачи на работа и дома.

Надвор од Европа сертификатот е признат како ICDL - International Computer Driving Licence.

ECDL наставниот план и програма опфаќа проверка на знаењ за следната тематска целина (модули):

Основни модули Стандардни модули Напредени модули
Основи на компјутерот Презентации Обработка на текст напреднo ниво
Основи на интернетор Користење на база на податоци Табеларни калкулации напреднo ниво
Обработка на текст ИТ Безбедност Бази на податоци напреднo ниво
Табеларни калкулации Онлајн колаборација Презентации напреднo ниво
  Обработка на слика  
  Уредување на веб  
  Пројектно планирање  
  Дигитален Маркетинг  
  Сајбер Безбедност  
  Работа од далечина  
  ИКТ во образование  
  Финансиски табели  
  Аналитика на податоци  

Кандидатите кои сакаат да добијат диплома можат да се пријават за полагање на испит во било кој овластен ECDL тест центар во светот, да полага по редослед по кој сака и по положените сите испити добие сертификат кој е признат во целиот свет.

Кому му е потребен ЕЦДЛ сертификатот?

Во ера на современо општество засновано на знаење и вештини е вклучен фактор за рамноправно учество на сите граѓани во економските и општествените текови.

Пазарот на трудот, е условен со зајакнување на конкуренцијата со примена на современи информатички и комуникациски технологии (ИКТ), од секој поединец бара:

ECDL сертификатот е потребен на сите граѓани кои сакаат по ефикасно да ги извршуваат секојдневните обврски, бараат вработување или сакаат напредок во кариерата во приватниот или јавниот сектор. Како таков наменет е за студенти, раководители и вработени во приватнот или јавнот сектор.

Добри примери од праксата покажуваат дека ECDL стандардот може да се користи како ефикасен критериум за дефинирање на потребното ниво на знаење и вештини за секое работно место кое подразбира користење на компјутер. ECDL стандардот се користи за утврдување на на постојнот ниво на знаење на вработените и потребите за нивното понатамошно усовршување.

Со усвојување на ECDL како еталон на информатичката писменост на ниви на претпријатија обезбедува заштеда на време и ресурси при вработување на нови кадри.

Зошто ECDL?

ECDL преставува меѓународен стандард на информатичката писменост. Програм кој го креирале стручњаци од целиот свет, а е проверен и одобрен од страна на релевантни меѓународни инцтитуции.

Со преку 15 милиони кандидати во 148 земји ECDL стандардот преставува најраспространет стандард за информатичка писменост во светот.

ECDL сертифицираниот програм е:

Како да добиете диплома?

Полагањето на испитот се одвива во овластените ECDL Тест центри. Испитниот материјал, криран од страна на ECDL Фондацијата во соработка со голем број на стручни лица од целиот свет, е идентичен во сите земји.

Во светот постојат два начина на тестирање:

  1. Мануелно - пред почетокот на испитот овластениот испитувач бира, по систем на случаен избор, тест од добиената база на тестови. Тестовите се работат на компјутер, во рамка на постијните фајлови се вршат бараните модификации. Резултатите за остварените резултати се добиваат во рок од 4 дена.
  2. Автоматско (АТС) - се користи наменски софтвер за проверка на знаењето. По авторизацијата од овластениот ECDL исппитувач, кандидатот добива случајно одбран тест за избраниот модул. Софтверот автоматски ги регистрира одговорите и ги собира остварените поени, така да веднаш по завршувањето на испитот кландидатот е обавестен за остварените резултати.

На кандидатите може да им се одобри полагање на сите испити во еден ден.

Во зависност од постоечкото ниво на знаење, кандидатот може: да посетува обука во овластениот ECDL тест центар, самостално да се припрема од апликацијата за онлајн учење, да се регистрира на интернет-страницата за онлајн учење, кликнувајќи на линкотhttp://ecdlmakedonija.mk/onlajntestovi.html или да пристапи на тестирање без претходна обука.

Центрите кои организираат обука за кандидатите мораат да ги ускладат припремните часови со актиуелниот ECDL наставен план и програм.

Доколку овластениот ECDL испитувач, е истовремено е и предавач. Тест центарот е обавезен да оневозможи да предавачот кој ги држел часовите за обука за одредената тематска целина не биде и испитувач при тестирањето на истата група на кандидати.

Како да станете овластен центар за тестирање?

Одобрување на работата на центарот за тестирање

За добивање статус на овластен тест центар потребно е да доставите Апликациски формулар во ЕЦДЛ канцеларијата во Скопје.

Доколку врз основа на апликацискиот формулар се утврди дека сите стандарди се задоволени, овластеното лице ја проверува адекватноста на просторијата за тестирање, техничката опременост, условите за чување на материјалите за испит, врската со интернет и др.

Во властенит ECDL тест центар во секој момент мораат да бидат ангажирани: минимум двајца овластени ECDL испитувачи и ECDL координатори за организирање на испитите, консултасии со кандидатите, вршење на административни работи, спроведување на договори за примена на ECDL заштитниот знак, осигурување на системот за квалитет, координација со ECDL Македонија, финансиско работење.

Доколку претпријатието нема други вработени, административните работи може да ги врши некој од испитувачите.

ЕЦДЛ Македонија ја организира обуката за испитувачите, која вклучува и проверка на знаењето на кандидатите, мерките за сигурност за заштита на базата за тестирање и испитниот материјал, административната постапка за тестирањето, како и обуката за координаторите.

По завршување на курсот, ЕЦДЛ Македонија издава сертификат за овластени испитувачи,кои мораат да бидат истакнати на видливо место во самиот центар.

По испунување на сите услови, се потпишува договор кој на овластениот центар му дава за право да работи по ECDL стандардот. Со тоа новоформираниот ECDL тест центар ја превзема од ЕЦДЛ Македонија поверливата база на испитни прашања за рачно тестирање, упатство за тестирање, потребен број на индекси, материјали за материјали, административен систем и упатство за комуникација со ЕЦДЛ Македонија.

Проверка на работата на центарот

Да се утврди и применуваат договорените постапки заз осигуран квалитет, повремено се вршат проверки на центрите кои ги спроведува ECDL Фондацијата или ЕЦДЛ Македонија. Со контролата се утврдува изгледот на центарот, техничката опременост, системот за тестирање, начинот за регистрација на кандидатите, можноста за тестирање на кандидати со посебни потреби (ако постои), административнот систем за евиденција на кандидатите, манипулација со неискористените индекси, истакнатоста на дозволите за работата на центарот и испитувачите, чувањето на документацијата за тестирање и др.

Проверкта се врши и за време на тестирањето на кандидатите, со што вклучува утврдување на идентитетот на кандидатот, материјали кои се користат при тестирање, време траењето на тестот, времето на почеток и завршувањето на тестирањето, однесувањето на кандидатот за време на тестот (излегувањето од просторијата, изнесување на тестови и други материјали, препишување на резултати, разговор со другите кандидати, користење на мобилни телефони, користење на литература, барање помош од друг кандидат или испитувач, напуштање на просторијата без надзор, предавањето на материјалите на испитуваќот по завршувањето на тестот), почеток на оценувањето на кандидатот, времето за внесување на резултатите во административниот систем, времето за впишување на резултатите во индексот, името на лицето кое го оценувало тестовите, начинот на чување на резултатите од тестот, место за оценување, осигурувањето на местото за чување на податоците за кандидатите.

Доколку не се применуваат сите правила за тестирање, тестирањето мора веднаш да биде прекинато. По тестирањето контролорот избира 10 случајни одбрани тестови врз основа на кои ке направи извештај за проверка, вклучувајќи ја и анализата за потребното време за решавање на тестот, постапката за рачното оценување и др, за да се утврди прецизноста на оценувањето, објективноста и методологијата, процентот на преодни оцени по модул, што во извештајот ке се назначи како одлично, прифатливо односно неприфатлив.

Ако резултатите од проверката бидат незадоволителни, на центарот може да му се ускрати продолжувањето на овластувањето за работа за наредната година.

Кандидати со посебни потреби

Програмот на Европската Унија, Е-Европа, посебно внимание придав на информатичкото описменување на лица со посебни потреби, како и тие би биле способни и рамноправни за вршење на работи како и сите други граѓани.

Образувание и проверка на знаењето

Одреден број на центри за тестирање ке створат услови за образование и проверка на знаење на глуви и наглуви лица, слепи, лица со физички недостатоци или оние со трајни задравствени проблеми, како и лица со тешкотии при учењето.

Кај тестирањето на таквите лица испитувачот мора да примени пропишани постапки.

ЕЦДЛ Македонија пропишала постапки со кои им се олеснува тестирањето и им дава посебни поволности: подолго времетраење на тестирањето за 15 минути, користење на посебни простории, користење на посебна технологија прилагоден на потребите на кандидатите со инвалидитет, користење на поголем формат на лист за тестирањље, користење толкувач со помошна знаци за глуви, користење испитни листи со различни звучни формати, помошник за лиќните потреби во текот на тестирањето, кој не смее да му помага на кандидатот во решавање на тестот, можност за тестирање на кандидатите надвор од тест центарот, доколку постојат бараните услови. Ако постојат нкнадни услови, Фондацијата може да одобри нивна примен (усмен тест, прекин во работата, додатно време подолго од 15 минути, донесување на читач заедно со кандидатот и работа во посебна просторија како не би им сметале на другите кандидати, донесување на писар за кандидатите кои не можат да пишуваат и др).

Лицата со посебни потреби мораат да и се обратат на Канцеларијата ЕЦДЛ Македонија, која ке утврди дали барањето е оправдано, притоа да се спазуваат ECDL стандардите.

Ако центарот добие барање, а нема осигурани прописни услови, должен е да ја извести ЕЦДЛ Македонија, која ќе настојува да одговори на барањето на кандидатот.

Со барањето за полагање на испитот кандидатот мора да приложи уверение од належен лекар, кој мора да ги процени функционалните бспособности на кандидатот и да даде препорака за прилагодување на центрите за тестирање.

Потребни прилагодувања на центрите

Центарот кој сака да спроведе тестирање со лица со посебни потреби мора да обезбеди: пристап на кандидатот од улицата со (рампа, лифт), пристап до просториите за тестирање (простор доволен за инвалидска количка и други помагала), тоалети, прилагодена техничка и друга опрема, соодветни тастатури, големи монитори или уреди за зголемување на сликата на мониторот, слушалки со подесување на јачината на звукот, ослонец за зглобови и сл.

Претседателот на Европската Комисија истакна ECDL
José Manuel Barroso José Manuel Barroso со јубилеен ECDL индекс
Neelie Kroes - Потпретседателот на Европската комисија препорачува
Neelie Kroes ECDL за Дигитална Агенда на Европа Neelie Kroes ECDL за Европска Голема Коалиција за Дигитални Работи
ЕЦДЛ за Карпош
Стевчо ЈакимовскиСтевче Јакимовски градоначалник на Општина Карпош
Аплицирајте за ECDL европските фондови